Објавено на 05 Ноември, 2015 во Вести, Вести
На состанокот во „Куќата на фудбалот“ разговараа за актуелности поврзани со репрезентацијата и нашата Прва фудбалска лига.
-Благодарност до тренерот на
Шкендија Шпетим Дуро и неговиот помошник Фестим Адеми што позитивно одговорија
на поканата и дојдоа во „Куќата на фудбалот“. Имавме конструктивен разговор за
случувањата во Првата фудбалска лига и репрезентативниот фудбал. Сметам дека непосредната
комуникација со тренерите кои го претставуваат нашиот фудбал може да биде многу
корисна за сите нас, а посебно за репрезентацијата. Тие се најодговорните за
играчите и најкомпетентни да одговорат на прашања поврзани со нивната натпреварувачка
форма. Јасно е дека од наша страна одредени играчи на Шкендија постојано се
следати доколку продолжат да вложуваат труд и енергија во настапите со
тимот ќе бидат наградени со репрезентативни настапи. Ќе практикувам овој тип на
средби да продолжи. За идната недела закажавме состанок во тренерот на Вардар,
Гоце Седлоски, а ќе разговараме и со останатите тренери на екипите од нашето
првенство, изјави Игор Ангеловски.
Задоволство од средбата изрази и тренерот на Шкендија Шпетим Дуро вели дека како професионалец и човек со силен карактер Игор Ангеловски може да даде голем придонес во остварување на подобри резултати на А репрезентацијата.
-Се чувствувам привилигирано што првата средба Игор Ангеловски ја оствари со мене, изразувам големо задоволство од овој начин на соработка. Го почитувам како професионалец и човек со силен карактер и сугурен сум дека со неговата работа ќе придонесе репрезентацијата да оствари подобри резултати. Ние како луѓе кои работиме во македонските клубови можеме да сугерираме за одредени работи, но тој одлучува, одговорноста е негова. Од срце му посакувам успех и се надевам дека ќе наиде на соработка и од другите тренери. Само на тој начин може да се дојде до посакуваниот успех, вели тренерот на Шкендија, Дуро.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....