Игор Ангеловски и Благоја Милевски организираат селективен камп и тренинг натпревари

Објавено на 28 Ноември, 2016 во Вести


Игор Ангеловски, селекторот на А репрезентацијата на Македонија и Благоја Милевски, предводникот на нашата селекција до 21 година од 9. до 14. декември ќе организираат селективен камп за играчи кои настапуваат претежно во домашниот шампионат.
Во рамки на селективниот камп ќе бидат одиграни два тренинг натпревари, првиот на 12. ноември и вториот два дена подоцна на стадионот во Ѓорче Петров.

Игор Ангеловски во составот ќе повика фудбалери кои претежно настапуваат во домашниот шампионат, додека Благоја Милевски ќе повика играчи од генерацијата 1996/97 и помлади кои имаат право за настап во следниот квалификациски циклус за пласман на младинското ЕП 2019 година.

-Некој ќе бидат за прв пат во националната репрезентација, а и оние кои биле повикани, но помалку играле ќе добијат вистинска прилика. Очекуваме добри натпревари, не се сомневаме дека дресот на Македонија е предизвик за секој од повиканите. Овој тип на натпревари може да даде одговор за играчите кои досега имале малку шанса да учествуваат во играта на репрезентацијата, велат двајцата селектори.







   
   
А репрезентација