Објавено на 09 Декември, 2016 во Вести, Вести
Играчите во А репрезентацијата на Македонија повикани за селективниот камп денеска ги започнаа подготовките за двата контролни натпревари против фудбалерите селектирани во репрезентацијата до 21 година од Благоја Милевски.
Од првичниот список на селекторот Игор Ангеловски на подготовките и натпреварите нема да бидат присутни Ферхан Хасани од Шкендија кој поради повреда не настапи ниту за Шкендија на последниот натпревар од Купот на Македонија. Хасани се јави на денешниот прв собир, но по направените дополнителни медицински тестови одлучено е дека Хасани не може да се стави на располагање на тимот. Давид Бабунски поради клупски обврски во Црвена Звезда исто така нема да биде во комбинација за настап.
-Ова е нова можност младите играчи да покажат дека имаат квалитет да бидат во најдобриот тим и да докажат дека на нив можеме сериозно да сметаме во блиска иднина. Некој од нив веќе имаат настап во А репрезентацијата, но ова е убава можност да се собереме повторно и да градиме доверба во нашиот однос. Рековме дека нашата првична цел е да им дадеме шанса на младите играчи, а ова е еден од тие чекори. Се надевам дека ќе извлечеме многу позитивни работи од кампот и натпреварите кои ни следуваат, изјави селекторот на репрезентацијата Игор Ангеловски.
Првиот натпревар е во понеделник (12.12.2016) во 13:00 часот на теренот со вештачка трева во населбата Ѓорче Петров.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....