Игор Ангеловски го објави списокот за плеј-оф дуелот со Косово и двете пресметки од Лига на нации

Објавено на 03 Октомври, 2020 во Вести


Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот за натпреварот против Косово (8. октомври, Национална арена „Тодор Проески“) од полуфиналето во Лига на нации за пласман на Европското првенство и двата натпревари против Естонија (11. октомври, Талин) и Грузија (14. октомври, Национална арена „Тодор Проески“) од новото издание на Лига на нации. 

Елиф Елмас од Наполи нема да биде во составот на македонската репрезентација поради позитивен тест на Ковид-19. Во националниот тим се враќа Ферхан Хасани од фински Хелсинки. Вкупно 23. фудбалери се наоѓаат на списокот на селекторот Ангеловски. 





   
   
А репрезентација