Објавено на 24 Август, 2016 во Вести
-На прагот сме на нов квалификациски циклус во кој очекувам репрезентацијата на Македонија да остварува подобри резултати во однос на изминатите два циклуса. И без разлика на силата на репрезентациите во групата верувам дека овие фудбалери се подготвени и имаат квалитет да го направат тоа.
Мислите ни се насочени кон натпреварот со Албанија, ме радува моменталната форма на повиканите играчи и се надевам дека во наредните денови ќе имаме мирни тренинзи, квалитетни подготвки и здрави фудбалери.
Влегуваме максимално ангажирани и ќе се обидеме сето тоа да го пренесеме на теренот со цел позитивно да влеземе во квалификациите за СП.
Жал ми е што Александар Трајковски поради повреда не е во можност да помогне на овој натпревар, но се надевам дека брзо ќе се опорави и ќе го имаме веќе во октомври.
Она што го најавував и претходно, дека поголем дел од играчите од составот до 21 година ќе бидат вклучени во најдобрата селекција, сеуште е мој став, но пред нив се два клучни натпревари за пласман на Европско Првенство и се надевам дека ќе бидат успешни, изјави на прес-конференцијата селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....