Објавено на 22 Март, 2016 во Вести, Вести
Македонскиот репрезентативец и еден од најдобрите фудбалери на словенечки Марибор, Агим Ибраими смета дека натпреварот против Словенија ќе биде добар тест за нашиот национален тим.
-Знаеме дека Словенија секогаш имала добра репрезентација и пред се имаат многу квалитетни играчи кои веќе го докажаа својот квалитет во големи клубови. Но, сега против нас мислам дека ќе имаат промени во составот, мислам дека шанса ќе добијат некои нови фудбалери, гледаме дека повик добија неколку играчи од словенечкиот шампионат. Ние треба да се фокусираме на нашата игра и со позитивните промени кои ги донесе новиот селектор треба да ги исполниме зададените задачи и да бидеме успешни на натпреварот против словенците, изјави Агим Ибраими.
Иван Тричковски вели дека атмосферата е одлична, се надева дека позитивниот
резултат од гостувањето во Копер нема да изостане.
-Сите сме задоволни и среќни што сме заедно во репрезентацијата, причина повеќе е и враќањето на Горан Пандев. Се надеваме дека ќе ја одржиме оваа позитивна атмосфера, работиме добро, нема причина така и да не продолжиме и да оствариме позитивен резултат, вели Иван Тричковски.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....