И Пачовски размислува за иднината

Објавено на 16 Ноември, 2014 во Вести


Нашиот репрезентативен голман и капитен Пачовски, во текот на летото посетуваше курс за УЕФА Б Диплома и со успех го заврши. На собиорт на репрезентацијата за натпреварот против Словачка, Пачовски и официјално ја доби УЕФА Б дипломата пред сите играчи во Хотел ТЦЦ Гранд Плаза дипломата му ја врачи Претседателот на ФФМ Г-дин Илчо Ѓорѓиоски.

Со ова Пачовски покажува дека размислува за иднината и дека негова определба повторно е фудбалот. 

“Се определив за тренерска работа од многу едноставна причина, јас тоа го знам и го разбирам и се надевам дека по завршувањето на играчкаѕта кариера ќе покожам и дека можам да бидам добар тренер. Планирам да почнам да работам со млади категории а посебно со голмани. Знам дека следи семинар за тренери на голмани и моја определба е да ги следам сите трендови во тренерската работа за да можам  да бидем во тек со сите новости. Се заблагодарувам на ФФМ и луѓето во Центар за Едукација на тренери со кои го поминав првото ниво на тренерска едукација.“

ФФМ му посакува на Пачовски успешна тренерска кариера и се разбира високи дострели во својата работа како тренер.




   
   
А репрезентација