Објавено на 21 Октомври, 2014 во Вести
Ветераните на македонската фудбалска репрезентација и поранешни фудбалери на Брегалница во четврток на 23. октомври во 15.00 часот ќе одиграат хуманитарен натпревар, а собраните сретства се наменети за оперативен третман на Евица Бојаџиева.
Нашите поранешни репрезентативци Илија Најдоски, Горан Ставревски, Саша Ќириќ, Сашо Тодоровски, Томче Трајановски, Борче Јовановски, Илчо Ѓорѓиоски, Бошко Ѓуровски, Тони Мицевски, Митко Стојковски и други на Градскиот стадион во Штип ќе одиграат натпревар против поранешни истакнати фудбалери на Брегалница.
Д-р
Евица Бојаџиева, 34 години е мајка на две малолетни деца и боледува од еден од
најретките и најагресивни карциноми на црниот дроб Cholangiocarcinoma. Сите
напори за евентуален оперативен третман во специјализираните центри во
Словенија, Германија и Италија беа неуспешни поради инвазивноста на болеста.
Единствен третман беше само хемотерапија која Евица ја прима веќе две години и кон која во последните месеци се јави
резистенција и прогресија на болеста.
Единствена болница која го прифати нејзиното
понатамошно лекување е RENKANG HOSPITAL, во DONG GUAN Кина. Третманот кој го
нудат е одобрен од FDA од 1970. и успешно се користи до денес. Се работи за
комбинирана терапија која вклучува SPDT (SONO-PHOTODYNAMIC ТHERAPY), Ozon
therapy, Interventional therapy ( MMC, THP, and P53 ) и традиционална хербална
кинеска терапија.
Цената на целокупниот третман кој овозможува
продолжување на животниот век и подобар квалитет на живот изнесува 120000$.
Сите хумани луѓе во рамките на своите можности да донираат преку мобилните оператори ( цената изнесува 100 ден од повик) или на жиро сметка. Доколку некој не е во можност да донира доволно е да ја сподели страницата со своите пријатели.
Телефонски број за донации од ONE е 075 143-200
Телефонски број за донации од T-Mobile 070 143-108
Телефонски број за донации од VIP 077 143-702
Жиро сметка за донации од Македонија:300081000001453
Комерцијална банка АД Скопје
Дознака: Eвица Бојаџиева-хуманитарна сметка
Жиро сметка за донации од странство:
BENEFICIARY:
Name and Surname: Evica Bojadzieva
Address: Sutjeska 48/1 SHTIP мкд
Acc.no: 0230701152013
IBAN: MK07300307011520182
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....