Хуманитарен фудбалски натпревар во Охрид

Објавено на 28 Август, 2014 во Вести


Во сабота со почеток во 17.00 часот во СРЦ Билјанини Извори ќе се одржи хуманитрен фудбалски наптревар на кој учество ќе земат легендите на македонскиот фудбал, кои низ годините играле во нашата репрезентација.

Организатор на настанот е Фудбалската федерација на Македонија, општина Охрид и СРЦ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ, а средствата собрани од настанот ќе се донираат за лекување на 11 годишно дете од Охрид, кое мора да се лекува во Пекинг.
 
На теренот ќе се појават ветераните од репрезентацијата и тоа: Данчо Целески, Вујадин Станојковиќ, Бошко Ѓуроски, Илија Најдоски, Саша Ќириќ и плејада на дурги македонски репрезентативци.
 
Од поранешните играчи на Ф.К. Охрид ќе заиграат : Данчо Целески (кој едно полувреме ќе игра во екипата на Охрид, а едно во репрезентацијата), Гоце Маркоски, Гоце Толески , Драган Бочески ,Ламбе Арнаудов, Јаким Бакулески и ред други играчи од славните денови на клубот.

Иницијатор на овој ревијален натпревар е Данчо Целески

Цената на влезницата е 50 денари.

Освен со купување на влезница граѓаните може да донираат и со повикување на броевите:
 
ONE – 075 143 113
VIP – 077 143 155
Т MOBILE – 070 143 105
Повикот чини 100 денари + ДДВ.

Уплата може да се изврши и на следната жиро сметка: 530500017615254 Охридска Банка




   
   
А репрезентација