ХЕРОЈСКИ. Македонија славеше против Шкотска

Објавено на 03 Септември, 2016 во Вести, До 21 год


Македонија мина низ големо искушение, но успеа да освои огромни 3 бода со победа против Шкотска и е се поблиску до историско остварување и настап на големо натпреварување. Во Единбург на квалификацискиот натпревар против Шкотска клучен беше голот на Кире Маркоски за триумф од 1-0.

Го задржавме победничкиот тренд во третата квалификациска група за играчи до 21 година и на четвртиот меч во низа на гостински терен останавме без пораз. Ја посакувавме победата и ја заслуживме со храбра игра. Во првиот дел го издржавме почетниот притисок на Шкотите, а потоа со прекрасна акција ги матиравме домаќините.

Бобан Николов со гради спушти една топка до Марјан Радески, а напаѓачот мудро го проигра Кире Маркоски, кој погоди од десетина метри. Шкотите беа во шок, а гостите имаа уште две убави шанси за гол. Првиот дел заврши со резултат 0-1, а вистинските искушенија следеа во продолжението.

На двапати голот на извонредниот Игор Алексовски и израмнување спасуваше рамката, како потврда дека храбрите ги следи и среќата. 

Македонија во Единбург ја заслужи фортуната на својата страна, иако над 20 минути играше со фудбалер помалку. Во 69. минута по вториот жолт картон беше исклучен Егзон Бејтулаи.

Домаќините притискаа, но младите момчиња од Македонија издржаа и прокнижија златни бодови во битката со Франција и Исланд за пласман на ЕП.

Исланд има 15 бодови, откако ја победи Северна Ирска со 1-0 од 7 натпревари, Македонија има ист број на бодови од 8 меча, а Франција загуби од Украина.




   
   
А репрезентација