Објавено на 29 Декември, 2015 во Вести, Вести
Повредата дојде во незгоден момент кога Хасани беше во одлична форма и вистински предводник на тимот на Шкендија.
-За еден иргач нема полошо од тоа да остане надвор од терените поради повреда. Но, исто така јас сум свесен дека овие работи се случуваат во фудбалот, колку и да е тешко да се прифатат. Јас бев во добра форма, повредата дојде во незгоден момент, но гледам позитивно на работите и сконцентриран сум на процесот на рехабилитација,изјавува Ферхан Хасани кој е убеден дека Македонија може и мора повеќе од резултатите кој ги постигнавме во последните квалификации.
-Никој не може да ме убеди дека ова е реалната слика на нашиот фудбал. Свесен сум дека има многу недостатоци во сите сегменти на овој спорт, но сепак моменталниот пласман не го отсликува реалниот квалитет. Можам само да кажам дека секој кој е поврзан на било каков начин со фудбалот треба да чувствува одговорност и посветено да работи за да излеземе сите заедно од оваа ситуација, додава Хасани.
Популарниот Буба коментирајќи ги последните квалификации и двата контролни натпревари со новиот селектор, вели дека со напорна работа има реална можност за подобрување на резултатите.
-Самиот пласман говори за слабите квалификации и тука нема што многу да се коментира. Треба да гледаме напред и да се стремиме кон подобрување на целокупната ситуација. Ете, имаме нов селектор кој најдобро ги знае приликите во домашниот фудбал и секако дека се очекува да помогне за враќање на позитивните резултати. Првиот контролен натпревар под негово водство покажа како треба да играме во иднина, а вториот како не треба. Убедливата победа над Црна Гора треба да биде мотив и показател на патот кој треба да го следиме. Немаме време за обвинувања и барање на виновници. Сите заедно да се обединиме и со напорна работа да бараме успеси. Фудбалот е магија, спорт кој зближува и ако ги препозанеме вистинските вредности, сигурен сум дека ќе постигнеме не само подорби резултати, туку ќе најдеме и забава и уживање преку спортското натпреварување, додава Хасани. Фудбалерот на Шкендија се осврнува и кон публиката, која според него треба да се вклучи во иницијативата за подобрување на фудбалската слика во земјава.
-Јас имам еден апел до сите искрени љубители на фудбалот, без разлика на сѐ, нивното место е на трибините. Сите знаеме дека кога би биле во ситуација да се квалификуваме на едно големо натпреварување трибините би биле преполни, но кога се победува полесно им е и на играчите. Тогаш секој ужива за себе, фудбалерите со игрите, а навивачите со победите. Клучно е да се подржува националниот тим и тогаш кога не ни оди! Како и да е, ние не можеме да излеземе од оваа ситуација без подршката на навивачите, кои на крајот од денот треба до доаѓаат на стадион само за љуботвта која ја чувствуваат за државата, заврши играчот на Шкендија и репрезентативец на Македонија, Ферхан Хасани.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....