Хасани и Несторовски: Ќе се обидеме да уживаме во натпреварот

Објавено на 03 Октомври, 2017 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за натпреварот со Италија од квалификациите за СП 2018 година. Нашите офанзивни фудбалери, Ферхан Хасани и Илија Несторовски велат дека Македонија и во Торино ќе се обиде да игра напаѓачки фудбал и да уживаат во натпреварот.

-Не чека тежок натпревар, но нема предавање. Италија е една од најквалитетните селекции во светот, но веќе покажавме дека можеме да се надигруваме и против најсилните. Ќе се обидеме да одиграме добар натпревар, не мислам дека италијанците се под притисок за директен пласман на СП, наше е да ги исполниме задачите на селекторот и да бидеме офанзивни. Италија има неколку промени во составот, но тие се голема селекција, независно дали ќе игра Белоти или некој друг, изјави Хасани.

-Имаме квалитет, во последната година одигравме неколку одлични натпревари против силни репрезентации, така што мислам дека и на Италија не им се однапред запишани бодовите од наптреварот во петок. Тие само теоретски можат до првото место во групата и затоа сметам дека растоварени ќе влезат во дуелот. За нас е важно што ќе имаме можност да уживаме во пресметката, среќни сме што играме за репрезентацијата и ќе го дадеме максимумот. Не одиме на прошетка, туку да се обидеме да оствариме позитивен резултат, изјави Несторовски. 




   
   
А репрезентација