Хасани и Бејтулаи поради повреда го пропуштаат натпреварот со Лихтенштајн

Објавено на 19 Март, 2017 во Вести


Македонската А репрезентација на 24. март во Вадуц со натпреварот против Лихтенштајн го продолжува квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018 во Русија.

Нашите репрезентативци Ферхан Хасани и Егзон Бејтулаи поради повреди не се во можност да му се стават на располагање на селекторот Игор Ангеловски. Двајцата фудбалери на тетовска Шкендија денеска имаа дополнителни лекарски прегледи по кој беше утврдено дека не можат да бидат во комбинација за настап против Лихтенштајн.

Селекторот на нашата најдобра репрезентација Игор Ангеловски на место на повредените Хасани и Бејтулаи ги повика Стафан Спировски од ФК Вардар и Кристијан Тошевски од ФК Пелистер.



   
   
А репрезентација