Објавено на 02 Октомври, 2015 во Вести, До 21 год
Хакан Реџеп, фудбалерот на дански Велје доби повик од селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година Благоја Милевски да биде дел од подготовките на надежната селекција за квалификацискиот натпревар против Северна Ирска на 13. октомври. Хакан Реџеп, офанзивен играч од средниот ред, има потекло од Ресен, а претходно настапуваше за младинските репрезентациите од 15 до 18 години на Данска.
-Среќен
сум што добивам прилика да бидам дел од македонската репрезентација. Секогаш е
голем предизвик кога добивате шанса да се наметнете во национална селекција.
Ова за мене ќе претставува големо искуство. На клупски план имам добар старт на
сезоната, а се надевам дека тоа ќе го пренесам и на подготовките со
репрезентацијата на Македонија, изјави Хакан Реџеп.
Селекторот Милевски поради повреда за натпреварот против Северна Ирска нема да може да смета на Бесмир Бојку (повреда на лигаментите на коленото) и Стефан Мишев (задна ложа). Бојку, фудбалерот на Шкупи беше повратник во репрезентацијата, додека играчот на Брегалница Мишев прв пат доби покана да му се приклучи на тимот до 21 година.
-Добив можност да настапувам за младата репрезентација на Македонија, но повредата со која се соочувам ме спречи во остварувањето на мојота цел барем на одреден период. Голема благодарност до селекторот кој ми ја укажа довербата и ме повика во репрезентацијата. Се надевам дека во иднина ќе бидам во можност да одговорам на повикот и да се ставам максимално на располагање на националниот состав, изјави Стефан Мишев.
Македонската репрезентација подготовките ги започнува на 7. октомври.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....