Објавено на 15 Јули, 2014 во Вести
На состанокот во „Куќата на фудбалот“ се разговараше за начинот на кој се изведуваат работите поврзани со изградбата на теренот со вештачка трева од проектот на ФФМ, “10 терени со вештачка трева“, дел од „Хет трик 3“ програмата на УЕФА и можноста, општина Штип да биде вклучена во новиот проект на ФФМ од програмата „Хет трик 4“ за поставување нова подлога и поставување рефлектори на стадионот во Штип.
Градоначалникот на општина Штип информираше за интензитетот на работите кои се изведуваат на теренот со вештачка трева, потврди дека проектот е во завршна фаза и ќе биде од голема корист за екипите од еден од најфудбалските градови во државата. Исто така, ги прифати забелешките и сугестиите за потребата градот Штип да влезе во проект за модернизација на стадионот според критериумите на Уефа и во иднина да биде една од базите на националните селекции.
Претседателот на ФФМ, Ѓорѓиоски ја потврди заложбата на федерацијата за подобрување на спортската инфраструктура, нагласувајќи дека градот Штип како еден од центрите во источна Македонија ќе ја добие целосната поддршка во намерата да се нарават подобрувања на стадионот и евентуалното вклучување на општина Штип во новиот проект на ФФМ од „Хет – трик 4“ програмата на Уефа за поставување нова подлога на главниот терен и поставување на рефлектори на стадионот.Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....