Објавено на 02 Јуни, 2016 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација загуби со 1:3 од Иран на пријателскиот натпревар на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Квалитетниот гостински состав заслужено се радуваше, користејќи ги грешките во нашата одбрана. Сердар Азмун постигна хет-трик, Александар Трајковски беше стрелец на голот за Македонија.
Првата прилика ја имаше нашата репрезентација, веќе во втората минута капитенот Горан Пандев упати удар, но топката мина крај голот на Иран. Гостинскиот состав опасно се закани во седмата минута, но нашиот голман Столе Димитриевски „влезе во шутот“ на Езатолахи и спаси сигурен гол. Сепак, по корнерот на иранците лошо реагираше нашата одбрана и во петтерецот на Македонија осамениот Сардар Азмун лесно реализираше во 20. минута за 0:1.
Иран во 20. минута повторно користи наша грешка, младиот Зајков ја загуби топката, повторно му дадовме шанса на Сардар Азмун кој втор пат ја погоди мрежата на Димитриевски. До крајот од полувремето се обиде Иван Тричковски, но ударот не беше сериозна закана по голот на гостите.
По еден час игра, Иран ја зголеми предноста на 3:1. Бабунски загуби топка на средина од теренот, иранците веднаш организираа против нападкој го реализираше Сердар Азмун коплетирајќи хет-трик. До крајот од натпреварот, ние не создадовме сериозна шанса да ја намалиме предноста, а Димитриевски имаше уште една брилијантна интервенција на нашиот гол по ударот на Меди Темери.
Македонија: 1.Столе Димитриевски, 4.Бојан Најденов, 5.Кире Ристевски, 6.Ванче Шиков, 7.Иван Тричковски, 9.Александар Трајковски, 10.Горан Пандев, 11.Марјан Радески, 13.Стефан Ристовски, 16.Ѓоко Зајков, 17.Бобан Николов;
Резервни фудбалери: 12.Игор Алексовски, 2.Егзон Бејтулаи, 3.Леонард Жута, 8.Давид Бабунски, 14.Дарко Велковски, 15.Илија Несторовски, 18.Бесир Демири, 19.Дејан Пешевски, 20.Никола Ѓорѓев;
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....