Објавено на 08 Јуни, 2015 во Вести, До 19 год
Двете пресметки започнуваат во 17.00 часот.
Селекторот на нашата репрезентација, Горан Станиќ вели дека е време неговата селекција да започне да остварува позитивни резултати. За дуелот против Шведска, предводникот на репрезентацијата вели дека ќе има промени во составот со оглед на тоа што во составот се враќаат клучните играчи.
-Очекувањата за дуелот со Шведска се позитивни. На средбата со Бугарија покажавме добра игра, но резултатот изостана. Време е да почнеме да победуваме. Оваа репрезентација е многу талентирана и поседува голем квалитет. За натпреварот против Шведска ни се враќаат клучните играчи кој поради обврските кон своите клубови не беа во комбинација за средбата против Бугарија, изјави селекторот на репрезентацијата Горан Станиќ.
Нашата селекција денес ќе го одработи последниот тренинг во пресрет на утрешниот контролен дуел со Шведска.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....