Горан Станиќ објави список за три контролни натпревари на репрезентација до 18 години

Објавено на 30 Мај, 2015 во Вести, До 19 год

Репрезентацијата на Македонија до 18 години (1997) во периодот од 31. мај до 11. јуни ќе одигра три пријателски натпревари.

Селекцијата која ја предводи Горан Станиќ во недела со почеток од 17.00 часот на теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе одигра контролен дуел со Бугарија до 18 години. На 9. јуни на домашен терен ја пречекуваме репрезентацијата на Шведска до 18 години, а двете репрезентации на 11. јуни ќе одиграат и втор контролен натпревар.

Селекторот Горан Станиќ за натпреварите против Бугарија и Шведска ги повика следните 24 фудбалери:

Голмани: Илиќ Филип (Металург), Целески Боби (Македонија Ѓ.П.), Трајковски Горан (Работнички);

Одбрана: Боцевски Слободан (Работнички), Тела Шаип (Ксамакс, Швајцарија), Дигаловски Дарко (Металург), Каранфиловски Христијан (Металург),Јефтовски Стефан (Металург),Аломеровиќ Дин (Вардар),Крстевски Филип (Тетекс), Русевски Никола (Македонија Ѓ.П.);

Среден Ред : Шопоски Саше (Металург),Поповски Дарко (Пелистер), Здравковски Давор (Македонија Ѓ.П.), Лазаревиќ Стефан (Македонија Ѓ.П.), Петковски Петар (Вардар), Цветановски Матеј  (Македонија Ѓ.П.), Садики Нехар (Работнички), Додев Дарко (Металург);

Напад: Ремзифаик Селмани (Ренова), Христов Мартин (Доњи Срем, Србија), Исеини Бесарт (Шкупи),

Кочовски Валентин (Хоризонт Турново), Крстевски Страхиња (Војводина, Србија);

-Трите натпревари и тренинг кампот во Дојран се уште една фаза од подготовките за октомвриските квалификации за Европското првенство. Имаме подолг период за заедничка работа и тренинзи, па поради тоа на списокот се наоѓаат 24 фудбалери. За натпреварот против Бугарија шанса веројатно ќе добијат играчите кои го носеа товарот на претходните дуели со Кипар и Турција, а во зависност од начинот на кој ќе одработат останатите повикани фудбалери на тренинг кампот, ќе одлучиме со кои состав ќе се спротивставиме на Шведска. Овој период е важен за оваа селекција, фудбалерите имаат шанса да се наметнат, а ние да направиме дополнителен увид во формата и квалитетот на играчите, изјави Горан Станиќ.

Репрезентацијата до 18 години од 1. до 7. јуни ќе се подготвува во Дојран.




   
   
А репрезентација