Објавено на 02 Јуни, 2017 во Вести, Вести
Македонија- Турција
Контролен натпревар
5. јуни 2017., 19:45
Национална арена „Филип Втори“, Скопје.
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев вели дека не очекуваат два исклучително тешки натпревари против Турција и Шпанија. Капитенот на Македонија ја повикува публиката да биде 12-от наш играч и да ни даде мотив повеќе на претстојните дуели.
-На мене, а и на соиграчите секогаш ни е најдраго кога играме против најдобрите. Турција е многу силна репрезентација, доаѓаат во полн состав, но сигурно нема да се браниме. Мораме да држиме ритам во текот на сите 90. минути и да бидеме фокусирани.
Атмосферата е одлична, многу позитивна и сите со нетрпение го чекаме почетокот на мечот. Очекуваме голема поддршка од трибините. Сите ние чувствуваме посебна енергија кога играме за репрезентацијата, таа поврзаност е многу силна и кај Турција, но фудбалот се игра на тревникот. После химната, нема замор. Одиме да се надигруваме, изјави Горан Пандев.
Во понеделник, на 5. јуни во 19:45 ја бодриме репрезентацијата на #Македонија на фудбалскиот натпревар против Турција.
Влезниците во продажба по цена од 100, 200 и 400 денари преку продажната мрежа наmktickets, официјалниот штанд на ФФМ во Skopje City Mall, а од недела и на билетарата на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
Продажната мрежа на МК Тикетс:
Скопје:
Нептун Стадион
Нептун Сити Мол,
Нептун до Mr. Bricoladge
Југотон ГТЦ 1 кат
Универзална Сала - Скопје
Тобако - МПМ ПРЕС
Тобако Гоги - Драчево
Тобако Дрводекор
Тобако 2 – Скопјанка
ФФМ пулт во Скопје Сити Мол
Низ Македонија,:
Салоните на Нептун во: Велес, Куманово, Гостивар, Охрид, Струга, Гевгелија, Струмица, Кавадарци, Штип, Кочани.
Њу Тобако - Охрид
Online:www.mktickets.mk и www.karti.com.mk
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....