Објавено на 05 Април, 2016 во Вести
Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Горан Пандев ќе паузира најмалку еден месец поради повреда на бутниот мускул. Фудбалерот на Џенова се повреди на натпреварот од италијанската „Серија А“ против Фросиноне.
За Горан Пандев здобиената повреда е голем хендикеп со оглед на тоа дека конечно доби вистинска шанса од тренерот на Џенова, Гасперини и бележеше одлични настапи за клубот на последните неколку натпревари, а по пауза од две и пол години се врати и во репрезентативниот дрес за контролните натпревари против Словенија и Бугарија.
Во
италијанскиот шампионат преостануваат уште седум кола до крајот на
сезоната.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....