Објавено на 12 Октомври, 2018 во Вести, Вести
На прес-конференцијата пред мечот Македонија и Ерменија, капитенот на националниот тим, Горан Пандев, потенцира дека посакува триумф над Лихтенштајн и успешен настап во Лигата на нациите, преку која ќе се брка пласман на ЕП 2020.
„На Лихтенштајн ќе славиме 25 години јубилеј од првата средба. Се надевам дека ќе прославиме со победа. Никогаш сме немале подобра атмосфера и желни сме за победа. Со нетрпение го очекуваме овој меч. Се надевам дека публиката ќе дојде во поголем број од дуелот со Ерменија и дека преку овие квалификации ќе успееме да се избориме за едно Европско првенство, кое ќе донесе радост, не само за нас, туку и за целата држава. Играв во големи клубови, освоив многу титули, но Македонија ми е нешто посебно. Сакам да играм на Европско првенство преку оваа Лига на нации“, изјави Пандев.
Најтрофејниот македонски фудбалер веќе го постигна првиот гол во Лигата на нациите, на претходниот дуел против Ерменија во Скопје во триумфот од 2-0. Шанса да постигне нов погодок во мрежата на Лихтенштајн, ќе има в сабота од 20:45 часот.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....