Објавено на 10 Октомври, 2019 во Вести, До 21 год
Македонската репрезентација до 21 година славеше голема победа во Подгорица против Црна Гора во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2021 година. Нашата селекција предводена од Благоја Милевски ја оствари втората победа за максимални шест бодови по првите две кола од групата.
Јани Атанасов беше стрелец на двата гола за Македонија. Во 13. минута, Атанасов погоди од слободен удар за израмнување на 1:1, а во 33. минута, Јани Атанасов реализираше пенал по фаулот врз Димитар Митровски за 2:1.
Во првото полувреме, Македонија беше подобра репрезентација, иако Црна Гора поведе со голот на Скендеровиќ во 10. минута. Есмин Личина ја имаше првата прилика за отворање на резултатот, но нашиот репрезентативец не реализираше зицер во четвртата минута. Во прилика за погодок се најде и Дарко Чурлинов, но неговиот удар заврши над голот на црногорците.
Во второто полувреме, одигравме внимателно и сконцентрирано во одбраната, не дозволувајќи им на домаќините да создадат прилика за израмнување. Кон крајот на натпреварот, во 88. минута бевме и со фудбалер помалку по исклучувањето на Тошевски.
Македонија до 21 година на 15. октомври на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го пречекува Казахстан во третиот круг од нашата квалификациска група.
МАКЕДОНИЈА до 21 година: 1. Ристе Јанков, 2. Ване Јованов, 6. Есмин Личина, 5. Агрон Руфати, 4. Тодор Тодороски, 19. Ердон Даци (64` Кристијан Ацковски), 10. Давор Здравковски, 8. Јани Атанасов (70` Милош Тошески), 9. Дарко Чурлинов (75 Кристијан Трапановски), 7. Милан Ристовски, 21. Димитар Митровски (76` Никола Серафимов);
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....