Објавено на 08 Март, 2016 во Вести, Вести
Поранешниот репрезентативен чувар на мрежата Гого Јовчев ќе биде дел од стручниот штаб на најдобрата репрезентација на Македонија.
Со назначувањето на поранешниот голман на Вардар, Работнички, Слога Југомагнат, Шкендија се затвора кругот помошници на Игор Ангеловски во А репрезентацијата.
Во репрезентацијата на Македонија помошници на селекторот Игор Ангеловски се поранешниот репрезентативец Арѓент Бекири и Иван Јовановски - Карас, задолжен за кондициската подготвеност на играчите.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....