Објавено на 23 Јули, 2014 во Лиценцирање, Вести
Лиценцирањето ќе се одржи на 29. јули 2014 (вторник) со почеток во 11.00 часот во хотел „ТЦЦ Гранд Плаза“ во Скопје. Од 10.30 до 11.00 часот ќе се врши поднесување на комплетната документација кај техничко лице од ФФМ присутно во хотелот.
Според Правилникот за издавање на дозволи (лиценци) за работа на тренери на Тренерската организација при Фудбалската федерација на Македонија, присуството на годишното лиценцирање за сите тренери од стручниот штаб на сениорските екипи е задолжително. Неприсуството повлекува мерка неиздавање на лиценца/дозвола за работа за сезоната 2014/15 и не внесување на тренерот во Комет системот што значи дека истиот нема да може да ја води (да работи) со екипата.
Потсетуваме дека присуството на годишното лиценцирање е обврска превземена од УЕФА тренерската конвенција и вградена во Правилникот за издавање лиценци/дозволи на тренери на територија на РМ, а врз основа на која се организира школувањето и издавањето на УЕФА дипломите и новното продолжување. Неприсуствување на годишното лиценцирање може да ја загрози валидноста на УЕФА дипломата која тренерот ја поседува.
Ве потсетуваме дека присуството на годишното лиценцирање е обврска превземена од УЕФА тренерската конвенција и вградена во Правилникот за издавање лиценци/дозволи на тренери на територија на РМ, а врз основа на која се организира школувањето и издавањето на УЕФА дипломите и нивното продолжување. Неприсуствување на годишното лиценцирање може да ја загрози валидноста на УЕФА дипломата која тренерот ја поседува.
Лице за контакт
Ѓурчиновски Марио .+389 2 3204477
e-mail: мario.gjurcinovski@ffm.com.mk