Објавено на 15 Февруари, 2019 во FFM-Newsletter
Домашниот фудбал е дел од нашето секојдневие, а од
17. февруари, директните преноси од ПРВА МФЛ повторно можете да ги гледате на
ТВ платформата на Фудбалската федерација на Македонија, TV.FFM.MK.
Уживајте во најдобриот домашен фудбал и петте директни преноси започнувајќи од недела кога на програмата е 19. круг од Првата лига.
Дерби натпреварот се игра на Градскиот стадион во Тетово каде се соочуваат ривалите ШКЕНДИЈА и ВАРДАР. Во Кратово, домашниот СИЛЕКС го пречекува ШКУПИ, РАБОТНИЧКИ на Националната арена игра со РЕНОВА, вториот дел од првенството ПОБЕДА го отвора со натпревар против БЕЛАСИЦА, додека Академија ПАНДЕВ го пречекува тимот на МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.
Македонскиот фудбал ќе доминира на ТВ платформата TV.FFM.MK на која исто така ќе можете да ги гледате пријателските натпревари на младинските национални репрезентации, потоа дел од натпреварите од Втора МФЛ, програмата ќе ги следи и женските репрезентации на Македонија и бројни турнири и специјализирани емисии, разговори, интервјуа.
TV.FFM.MK навистина не е споредна работа.