Објавено на 08 Август, 2014 во Вести
Љубителите на македонскиот фудбал в недела ќе имаат можност првенствениот натпревар меѓу ФК „Вардар“ и ФК „Шкендија“ на Националната арена „Филип Втори“ да го гледаат во живо преку интернет страната на Фудбалската федерација на Македонија www.ffm.mk. Следејќи ги новите технологии и светските трендови, а со цел љубителите на фудбалот кои нема да бидат во можност да дојдат на самиот натпревар, или пак нема да бидат во својот дом од различни причини, им е овозможено да го гледаат натпреварот преку својот компјутер, или телефон, а за тоа им е потребно само интернет конекција и да го посетат сајтот на ФФМ. Натпреварот се игра в недела од 19.00 часот.
Во сабота од 17.30 часот пренос на Македонската телевизија ќе има од натпреварот Ренова - Работнички, натпревар од второто коло од првата лига.
Вардар – Шкендија, 10. август, 19.00 часот. Приклучете се на www.ffm.mk
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....