Објавено на 17 Јуни, 2014 во Вести, Вести
Ѓуровски се одлучи за следните фудбалери кои ќе му се спротивстават на домашниот тим: Наумовски Кристијан, Дамчевски Александар, Цуцули Ардиан, Најденов Бојан, Лена Нијас, Велковски Дарко, Илиоски Баже, Љамчевски Благоја, Сиљановски Горан, Тодоровски Благоја и Аврамовски Даниел.
Македонската репрезентација составена главно од играчи од домашниот шампионат покрај денешниот ќе одигра и втор натпревар против Кина, на 22 јуни во Јинан. Ѓуровски се надева дека неколку млади фудбалери ќе ја оправдаат довербата и сериозно ќе се наметнат во најдобрата наша репрезентација.
- Кина е фаворит, ние сме со подмладен состав, но тоа не значи дека однапред ќе се предадеме. Напротив, играчите се тие кои треба да го покажат и докажат својот квалитет и да сфатат дека ваквиот тип на натпревари може да им донесат само позитивни работи. Секако, позитивни и за нас доколку ме убедат дека имаат потенцијал и квалитет да ја зголемиме конкуренцијата пред почетокот на квалификациите за ЕП во Франција, изјави селекторот на репрезентацијата, Бошко Ѓуровски.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....