Ѓуровски го објави списокот на фудбалери за претстојните натпревари против Белорусија и Австралија

Објавено на 17 Март, 2015 во Вести, Вести


Селекторот на македонската А репрезентација на Македонија го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојните два натпревари против Белорусија во евроквалификациите и пријателскиот дуел против Австралија на 27 и 30 март на националната арена „Филип Втори" во Скопје.

За натпреварот од квалификациите за Европското првенство во Франција 2016 и контролниот дуел селекторот Ѓуровски повика многу нови фудбалери:

Голмани: Томе Пачовски, Кристијан Наумовски, Мартин Богатинов

Одбрана: Ванче Шиков, Бојан Марковски, Даниел Георгиевски, Дарко Велковски, Кире Ристевски, Стефан Ристовски

Среден ред: Аријан Адеми, Урош Матиќ, Енис Барди, Артим Положани, Александар Трајковски, Марио Ѓуровски, Тодоровски Благоја, Ферхан Хасани, Радески Марјан, Агим Ибраими;

Напад: Дејан Блажевски, Крсте Велковски, Бесарт Абдурахими;


  „Сакам да бидам јасен и да потенцирам дека некои играчи кои беа стандардни и беа подолго време дел од репрезентацијата не се земени од причина што не сум задоволен од нивната моментална форма. Репрезентативниот дрес треба да претставува светост и секој играч мора да сноси голема одговорност. Се определив за стил на игра која бара многу движење, мобилност и ниски играчи во нападот. Верувам во овој тим кој ќе донесе доста различен стил на игра кој го практикувавме во претходните натпревари. Во модерниот фудбал нема лесен противник. Дуелот против Белорусија ќе биде од огромно значење за нашата селекција. Очекувам моите играчи да се покажат во вистинско светло. Доколку добие сертификат од ФИФА, Урош Матиќ ќе биде во составот на фудбалската репрезентација на Македонија." изјави селекторот Бошко Ѓуровски.




   
   
А репрезентација