Ѓорѓиоски: Успех за паметење, честитки до сите

Објавено на 25 Август, 2017 во Вести


Македонскиот првак Вардар за прв пат во историјата обезбеди место во групната фаза од УЕФА Европа лигата елиминирајќи го турскиот претставник Фенербахче. Задоволството од остварените резултати го подели и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски.

Честитки за ФК Вардар, ова е брилијантен резултат, успех за паметење. Навистина треба да бидеме горди на овој успех. Сите заслужуваат пофалба, од фудбалерите, преку стручниот штаб до раководството на клубот - браво за секој што има придонес во овој резултат. 

- Полните трибини ова лето и радоста која ја видовме сведочи колку Македонците го сакаат фудбалот, колку на луѓето им значи успехот на нивниот клуб и колкава е вредноста на македонскиот клупски фудбал. Сведоци сме на една фудбалска еуфорија за која многу значајни се и медиумите и навивачите кои создаваат позитивна атмосфера. Среќно во групната фаза, порача Ѓорѓиоски.




   
   
А репрезентација