Објавено на 05 Март, 2016 во Вести
Иако некои тврдеа дека одредени прашања ќе останат неодговорени на редовното Генерално собрание на ФФМ, сепак претседателот на Федерацијата г-дин Илчо Ѓорѓиоски инсистираше да даде одговор на истите. Но, не за да се брани од лажниот предводник за спас на фудбалот, туку затоа што јавноста и љубителите на фудбалот несмеат да се лажат.
„Јас сум претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Моја должност е да дадам одговор на сите прашања пред вас. Во изминатиот период се појави група т.н. Иницијативен одбор предводен од џелатот на некогаш еден од најомилените клубови во Македонија, ФК Цемантарница.
Во низата соопштенија имаа и наслов „Прашања кои нема да бидат поставени на претстојното собрание на ФФМ“.
Драги пријатели, јас инсистирам да дадам одговор. Не затоа што заслужува лажниот предводник на таа група, туку затоа што искрените љубители на фудбалот не смеат да се лажат.
- Во однос на регуларноста на вонредното изборно собрание и моето назначување за претседател на ФФМ во 2012 година – бев кандидиран преку матичниот фудбалски сојуз. Исправноста на целокупната документација и постапката за поднесување на кандидатурите за функцијата претседател на ФФМ ја потврди надлежно тело избрано од тогашното раководство. Вонредното изборно собрание беше организирано од страна на тогашното раководство на ФФМ. На тоа собрание беа присутни и претставници на УЕФА и ФИФА. До ден денеска никој истото не го оспори.
- 25. години бев активен фудбалер, 10. години фудбалски тренер. Целиот живот го посветив на фудбалот. Заработувам од фудбалот за да живеам за фудбалот. И никогаш ниту криев, ниту лажно претставував дека немам професионален договор со Фудбалската федерација на Македонија.
- Компаниите - фирмите кои „без око да им трепне“ ги споменуваат и ги поврзуваат со мене и со Фудбалската федерација на Македонија, одговорно тврдам дека на ниту еден начин немаат деловна соработка со Фудбалската Федерација на Македонија и не се поврзани со работата во федерацијата. Фудбалската федерација на Македонија од кога сум јас претседател до денес нема префрлено средства по ниту еден основ на споменатите фирми.
- Во Генералниот секретаријат на Фудбалската федерација на Македонија се вработени 45 лица. Од 2012-та година до денес има нови вработувања кои дел се однесуваат на лица кои и во претходните години долго пред јас да бидам претседател биле дел од федерација и биле ангажирани. Согласно новите Законски прописи кои тоа го наложуваат на овие лица им е понуден договор за вработување и им е решен статусот. Зголемениот број на вработени во Генералниот Секретаријат се јави како нужна потреба поради зголемениот обем на активности и нови проекти во кои се вклучи ФФМ. Начинот на вработување е во согласност со позитивните законски прописи на Република Македонија.
- Минатата година од оваа говорница, ви соопштив дека Управниот одбор на ФФМ донесе одлука да се поднесе апликација градот Скопје и Националната арена „Филип Втори“ да бидат организатори на европскиот Супер куп на Уефа во 2017. година. Многумина се сомневаа, но ние го добивме.
На крајот сакам да потенцирам, фудбалот не обединува и бара да бидеме одговорни. Наша обврска, заеднички со сите Вас е да направиме македонскиот дрес да биде симбол на нашето заедништво.
Ви благодарам што почитта и фер-плејот ги всадивте во вашите фудбалски вредност. Уживајте во фудбалот и во животот.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....