Ѓорѓиоски: Потврдуваме дека инфраструктурата е приоритет

Објавено на 30 Октомври, 2015 во Вести

Реконструкцијата на стадионот Гоце Делчев во Прилеп е дел од Хет Трик 4 проектот на УЕФА со кој се опфатени и останатите стадиони во државата кои ги реконструира Фудбалската Федерација на Македонија во соработка со локалната самоуправа.

Стадионот во Прилеп по реконструкцијата ќе ги исполнува сите стандарди за одигрување меѓународни натпревари, во согласност со строгите стандарди на УЕФА. Проектот ќе опфати поставување на нова тревна подлога, реконструкција на подтрибинскиот простор, соблекувални, службени простории и осветлување за одигрување на натпревари во вечерни термини.

Со потпишаниот договор општина Прилеп се обврза да го заврши својот дел од реконструкцијата на стадионот, а се со цел во Македонија да има уште еден репрезентативен фудбалски објект.

Прилеп како еден од нашите најголеми спортски центри ја заслужува сета поддршка која ФФМ ја дава и се надеваме дека за љубителите на фудбалот во градот ова ќе биде мотив повеќе да ја дадат својата поддршка на фудбалот во сите негови аспекти - изјави претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.




   
   
А репрезентација