Ѓорѓиоски: Играчите покажаа квалитет и одговорност, ФФМ ќе ја награди нивната посветеност

Објавено на 29 Март, 2016 во Вести


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски ги пречека фудбалерите и стручниот штаб на репрезентацијата до 21 година по пристигнувањето од Франција каде одигравме одличен натпревар од квалификациите за Европското првенство. Македонската надежна селекција одигра 1-1 против една од најквалитетните светски репрезентации и ги задржа шансите за висок пласман во квалификациската група.

-Ви честитам на големиот натпревар, сигурно не беше едноставно да се игра против силен противник на гостински терен и пред полни трибини, но вие покажавте карактер, и голема храброст во дуелот против Франција. Навистина го покажавте својот квалитет и одговорност кон дресот кој го носите. Се надевам дека истиот пристап ќе го задржиме до крајот на квалификациите и ќе имаме нови убави моменти за споделување. Уште еднаш честитки до сите вас и до стручниот штаб, изјави Илчо Ѓорѓиоски.

Претседателот на ФФМ истакна дека Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја награди блескавата партија на репрезентацијата до 21 година против Франција.





   
   
А репрезентација