Ѓорѓиоски и Виљар: Треба да ја препознаеме вредноста на фудбалот

Објавено на 12 Ноември, 2016 во Вести


Спроти вечерашниот квалификациски натпревар помеѓу репрезентациите на Шпанија и Македонија за пласман на СП 2018 година официјална средба имаа раководствата на двете федерации претставувани од претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Анхел Виљар и првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски.

-Ние сме горди што на наша страна секогаш ќе ја имаме поддршката од Шпанската фудбалска федерација и од претседателот Виљар. Љубовта и посветеноста кон фудбалот ги тера да бидат подобри од ден на ден. Задоволство е што во последно време позитивно се гледа на македонскиот фудбал, пласманот на нашата млада репрезентација на Европското првенство беше повод за честитки и од претставниците на шпанската федерација, а се надевам дека нашите резултати и успеси многу брзо ќе ги достигнеме и со А репрезентацијата. Мораме сите да ја препознаеме вредноста и улогата на фудбалот и да се бориме заедно, истакна во својот говор Илчо Ѓорѓиоски, претседател на ФФМ.

На состанокот беа присутни влијателни луѓе од фудбалот во Шпанија, а гостин на Шпанската фудбалска федерација беше и градоначалникот на Гранада.




   
   
А репрезентација