Ѓорге Иванов: Честитки за ФФМ! Илчо Ѓорѓиоски на прием во претседателскиот кабинет

Објавено на 01 Јули, 2015 во Вести

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски денеска имаше прием во кабинетот на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Поводот е добиената доверба од страна на УЕФА, Скопје и Националната арена „Филип Втори“ да бидат домаќини на европскиот Суперкуп 2017 година. Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов ја истакна важноста на добиената доверба да го организираме големиот спортски настан и упати честитки до претседателот на ФФМ за залагањето и промоцијата на нашата земја пред милионскиот аудиториум кои го следи фудбалскиот Суперкуп спектакл. Првиот човек на ФФМ, повтори дека за македонскиот фудбал е голема чест што ќе има историска улога во градењето на надворешниот имиџ на нашата земја.




   
   
А репрезентација