Ѓоко Зајков: Голот што го постигнав ми значи, но најважно е тоа што забележавме триумф

Објавено на 20 Ноември, 2014 во Вести


Ѓоко Зајков е еден од нашите најталентирани млади дефанзивци. Висината, силата, правилната антиципација и скок играта се карактеристиките кои ги поседуваат модерните дефанзивци, а Зајков на секој натпревар ги потврдува тие квалитети. Младиот фудбалер на француски Рен имаше многу значајна улога во победите на младата репрезентација во натпреварите против Романија и Црна Гора, на вториот натпревар го постигна голот за победа на селекцијата предводена од Благоја Милевски..

-Одигравме квалитетни натпревари, го одработивме тоа што го бараше селекторот од нас и задоволни сме од прикажаното. Целиот тим  се подготвува професионално, ја имаме цела подршка од селекторот и стручниот штаб. Атмосферата во репрезентацијата е на високо ниво, се почитуваме меѓусебно, разговараме, се дружиме, едноставно функционираме како едно големо семејство кое има свои цели.

Зајков вели дека целта на репрезентацијата мора да биде високо поставена од причина што се свесни за своите квалитети и ја имаат потребната поддршка од фудбалското окружување.

 - Мислам дека поседуваме квалитет за да се пласираме на едно големо натпреварување.Мое мислење е дека целиот тим работи професионално, подготовката на играчите е многу важна, а ние ја имаме целосната поддршка од селекторот и стручниот штаб. Веруваме во нашите способности и остварување на поставената цел, а тоа е Еуро 2017. За тоа е потребна голема жртва, многу работа, труд и енергија.

Поранешниот фудбалер на Работнички има само пофални зборови за Рен, тимот во кој моментално настапува.

-Условите за работа тука се на највисоко ниво, терените на кои тренираме се совршени. На тренинзите се работи многу напорно, во тимот има доста искусни играчи со меѓународно искуство, сето тоа ми е голема мотивација за напорна работа и упорност за да се наметнам што побрзо и во првиот тим како стандарден играч.

Младиот одбранбен играч вели дека на прво место му е важно  да извојува победа со  репрезентација.

 -Голот што го постигнав против Црна Гора секако дека ми значи многу затоа што со тој гол остваривме победа. По подолго време  во националниот дрес а прв пат за У21 постигнав гол што многу ме радува и ме мотивира уште повеќе да работам на теренот. За мене лично на прво место ми е победа и да го одбранам мојот гол, а тоа ако постигнам и погодок ми значи исто така, но најважни ми се првите две .




   
   
А репрезентација