Објавено на 03 Септември, 2015 во Семинари
Тој во Скопје ќе одржи теоретско практични презентации.
Гинес Мелендез Сотос е поранешен селектор на сите младински шпански селекции со кои го има остварено следниот успех:
- Првак на Европа со репрезентација У-17 во 2007 и 2008
- Првак на Европа со репрезентација У-19 во 2006, 2011
- Вице првак на Европа со репрезентација У-17 во 2003, 2010
- Светски Вице-првак со репрезентација У-19 во 2003
- Светски Вице-првак со репрезентација У-17 во 2003 и 2007
Покрај овие резултати, со националните репрезентации на Шпанија уште има постигнато и 5-то место на СП за репрезентации до 20 години во 2007 како и 3-то место на СП за репрезентации до 17 години во 2009.
Техничкиот оддел на ФФМ цени дека со овој предавач ќе добие голем квалитет и ќе успее да пренесе на тренерите во Македонија едно големо тренерско искуство од веројатно еден од најдобрите младински селектори во Европа на сите времиња.
Исто така ги потсетуваме клубовите и тренерите на својата обрвска за присуство на овој исклучително квалитетен семинар.
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...
Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....