Георгиевски: По вина на друг јас нема да играм на утрешниот натпревар

Објавено на 14 Ноември, 2014 во Вести


Жал ми е што нема да бидам во  составот на македонската репрезентација на утрешниот натпревар против Словачка. Се извинувам на селекторот Бошко Ѓуровски, и техничкиот директор Илија Најдовски, за она што се случи. Бев испровоциран, и во моментот реагирав емотивно, но сепак сметам дека не сум виновен за она што се случи, и дека поради грешка на друг и јас настрадав. На моите соиграчи им посакувам среќа на утрешниот натпревар, и победа за Македонија, изјави Даниел Георгиевски на својот фејсбук профил.

Селекторот изјави дека Даниел Георгиевски не во тимот за овој натпревар, но не и дека нема на него да смета за идните натпревари.  Георгиевски и покрај се остана со тимот, и останатите репрезентативци, додека Јаховиќ, веднаш ја напушти репрезентацијата, што е крајно неодговорно, без притоа да изрази жалење за целиот настан.





   
   
А репрезентација