Генерацијата 2002-2003 славеше против Косово

Објавено на 16 Декември, 2021 во Вести


Македонската репрезентација до 20 години (генерација 2002/2003) славеше против Косово со 1:0 на првиот контролен натпревар меѓу двете селекции одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Луан Абази во 63. минута го постигна голот за победа на Македонија. Избраниците на селекторот Драги Канатларовски беа подобар противник во текот на целиот натпревар и заслужено остварија победа. Нашата селекција создаде неколку одлични прилики за погодок, посебно во првото полувреме, но недостасуваше реализација. Гостите немаа сериозна шанса да го загрозат нашиот гол.






   
   
Актуелности

08.02.2025    Вести

Судиската организација при ФФМ доби висока оценка за својата работа и посветеност на развојот на судењето

Стручноста, одговорноста и амбициозниот пристап кон следните предизвици беа препознаени и потврдени од страна на УЕФА....

06.02.2025    Вести

Македонија до 21 година: Во група со Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија

Горан Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група....

Календар
А репрезентација