Лицата со телесен инвалидитет се сликаа со големиот трофеј на републичките игри на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.
Еден од најзначајните трофеи во Европа наменет за победникот на Суперкупот на Европа е во просториите на Фудбалската федерација на Македонија. Скопје и Националната арена ќе бидат домаќини на 8. август на средбата меѓу освојувачот во ЛШ и ЛЕ.