Објавено на 05 Декември, 2016 во Вести, Футсал
Македонската футсал репрезентација со реми (2:2) против Босна и Херцеговина го отвори меѓународниот турнир „Скопје 2016“ кој го организираме во ВИП арената во Скопје. Нашата најдобра футсал репрезентација ја испушти победата во последната секунда од пресметката против босанците.
Даниел Де Соуза го донесе нашиот тим во водство во последната минута, но иако тоа се чинеше како доволно за победа, така не мислеше и Алајџиќ кој со гол постигнат во последната секунда ги разочара македонските футсалци и публиката во „Вип“ арената. Претходно, Босна имаше водство од 0:1 со голот на Бошковиќ во 24-та минута, додека израмнувачкиот гол за нашата репрезентација го постигна Петровиќ.
Македонија својот втор натпревар на Скопје футсал турнирот го игра в среда, кога за противник ќе го има главниот фаворит за првото место, селекцијата на Португалија.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....