Објавено на 05 Декември, 2016 во Вести
Македонската футсал репрезентација
денеска од 18:00 часот во рамки на турнирот „Скопје 2016“ ќе го одигра првиот натпреварот со селекцијата на Босна и Херцеговина. Избраниците на Иван Божовиќ го отвораат турнирот против босанците, а два дена подоцна ќе следи и тестот со
официјално треторангираната селекција во светот Португалија.
МАКЕДОНИЈА: Антонио Петровски (КМФ Велес), Влатко Петровски (КМФ Велес), Зоран Левески (КМФ Велес), Ферид Агуши (КМФ Велес), Даниел Де Соуза (Мостар, БиХ), Игор Леовски (КМФ Велес), Мартин Тодоровски (КМФ Велес), Драган Петровиќ (КМФ Велес), Таулант Исмаили (КМФ Велес), Адријан Мицевски (Сквер, Хрватска), Седат Зибери (Динамо Загреб, Хрватска), Александар Глигоров (Велес), Иван Крстевски (КМФ Велес), Еркан Сефери (КМФ Шкупи);
„Се подготвивме за претстојните пријателски натпревари против Португалија и Босна и Херцеговина. Ова ќе биде одлична можност за тест на нашите сили и се надевам дека натпреварите ќе придонесат за подготовките за квалификациите кои нè очекуваат. Екипата на Португалија е силна и во моментов се наоѓа на врвот на европскиот футсал. Ние сме на некое добро ниво, во тек се подготовките и се надевам дека на турнирот ќе се прикажеме во одлично светло. Ги поканувам сите љубители на футсалот да дојдат во салата Борис Трајковски и да нè поддржат“ , изјави капитенот на репрезентацијата, Зоран Левески.
Распоред на натпревари
5. декември 18:00 часот: Македонија – Босна и Херцеговина
6. декември 17:00 часот: Португалија – Босна и Херцеговина
7. декември 17:00 часот: Македонија – Португалија