Футсал: Со пораз од 2:1 против БиХ ги започнавме квалификациите за ЕП

Објавено на 28 Јануари, 2021 во Вести, Футсал


Футсал репрезентацијата на Македонија со пораз од 2:1 против Босна и Херцеговина  ги започна квалификациите за Европското првенство. Во Зеница, македонската репрезентација загуби од домашната репрезентација, а двата гола за домашната селекција ги постигна Бошковиќ. Босанците водеа со 2:0, а потоа ние преку Петровиќ намаливме на 2:1. 

На 3. февруари, селекцијата на Македонија предводена од Васко Скендеровски ќе го одигра вториот меч од квалификациите против Романија на домашен терен. Романија во првото коло одигра нерешено, 2:2 против Србија. 

Стрелци: Бошковиќ 7‘, 16‘ (БИХ) Петровиќ 22‘ (М)

БИХ: Галиќ, Алаџиќ, Јелиќ, Кахџевиќ, Радминовиќ, Миланковиќ, Сесар, Сесар, Арнаутовиќ, Иванковиќ, Хркаќ, Бошковиќ, Омерховиќ, Петак

Македонија: Петковски, Мицевски, Ранготов, Петровиќ, Дандан, Стојановски, Сулејман, Исмаили, Крстевски, Леовски, Андов, Тодоровски, Арсовски, Сефери




   
   
А репрезентација