Објавено на 03 Ноември, 2021 во Вести, Футсал до 21 год
Младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години денеска со победа го заокружи учеството на квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза квалификации за Европското првенство.
Избраниците на селекторот Зоран Лекиќ во интересен натпревар успеаа да слават победа со 4:2 над домаќинот на турнирот, селекцијата на Гибралтар.
Противникот прв успеа да го отвори резултатот, благодарение на погодокот на Ел Јетефти. Mакедонија израмни на 1:1, стрелец на погодокот беше Јанев. Комплетен пресврт Македонија направи преку Анчевски.На 3:1 зголеми Блажевски, а четвртиот погодок за Македонија беше дело на Чајани.
Гибралтар до крајот на мечот успеа само да го намали резултатот. Конечните 4:2 ги постави Мараче.
Македонија и Гибралтар одиграа отворен натпревар со многу можности за постигнување на погодок. Македонија имаше 26 обиди, од нив 8 во рамките на голот, додека на другата страна Гибралтар имаше 37 обиди за постигнување гол.
По одигрувањето на сите натпревари во групата Б од турнирот, селекцијата на Црна Гора го освои првото место, со максимален учинок, Македонија заврши на втората позиција, Гибралтар го заврши циклусот без освоен бод.
Селекцијата на Црна Гора продолжува во следната фаза квалификации за пласман на Европското првенство.
Македонија: Иса Фера, Антонио Јанев, Христијан Митев, Никола Анчевски, Давид Блажевски;
Резерви: Мартин Цветковски, Стефан Петрушевски, Суфијан Чајани, Бојан Неделковски, Стефан Грујевски, Давид Велјаноски, Душко Пауновиќ;
Селектор: Зоран Лекиќ;
Младата репрезентација на Македонија до 21 година и официјално ги започна подготовките за претстојните два квалификациск...