Објавено на 13 Април, 2022 во Вести, Футсал
Македонската футсал репрезентација беше поразена со 5:3 од селекцијата на Франција до 23 години во рамките на првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции.
Нашите играчи одиграа отворен натпревар, во кој видовме многу можности и 8 постигнати голови.
Во продолжението од натпреварот Пауло Базилио Переира постигнува втор гол за предност на противникот од 4:2. Траоре Нама го зголемува резултатот на 5:2. Рамадани Јакуп го намали резултатот и ги постави конечните 5:3.