Објавено на 07 Декември, 2016 во Вести
Македонската футсал репрезентација денеска во 17:00 часот го игра вториот пријателски натпревар од меѓународниот турнир „Скопје 2016“. Противник на македонската репрезентација е силната Португалија која на првиот дуел од турнирот ја совлада селекцијата на Босна и Херцеговина.
Селекторот на нашата футсал репрезентација Иван Божовиќ вели дека ќе се обидеме да се надигруваме против атрактивниот противник.
-Мораме да бидеме трпеливи, да не брзаме и да бидеме максимално сконцентрирани во текот на целиот натпревар. Португалија е во најдобрите пет светски репрезентации, играат исклучително брзо со многу ротација. За нас ова ќе биде одлично искуство, натпревар од кој можеме само да добиеме позитивни работи. Се надевам дека играчите ќе го дадат најдоброто од себе и ќе се обидеме да се надигруваме.