Футсал репрезентацијата на Македонија го освои турнирот во Приштина

Објавено на 05 Март, 2018 во Вести, Футсал


Македонската футсал репрезентација е победник на турнирот во Приштина на кои учествуваа репрезентациите на Косово, Албанија и младинската репрезентација на Косово, како замена за селекцијата на Малта, репрезентација која два дена пред почетокот на пријателскиот турнир го откажа своето учество.

Нашата селекција предводена од Иван Божовиќ во полуфиналето ја совлада косовската селекција до 21 година со убедливи 4:1. Албанија се избори за финален натпревар против Македонија по триумфот над Косово со 7:5.

Во финалната пресметка Македонија се радуваше на трофејот откако по пенал рулет беше подобра од Албанија. Во регуларниот дел натпреварот заврши 3:3, а по продолжение 5:5. Капитенот Зоран Левески, два пати Таулант Исмаили, Агуши и Алили беа стрелци на головите за нашата репрезентација.

Нашите Иван Петровски и Таулант Исмаили беа прогласени за најдобар голман, односно најдобар играч на турнирот. 



   
   
А репрезентација