Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години забележа победа со 3:1 над Гибралтар

Објавено на 24 Јануари, 2025 во Вести, Футсал до 21 год


Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години забележа значајна победа над Гибралтар со 3:1 во рамките на првиот натпревар од  претквалификацискиот турнир за пласман во главната рунда на квалификации за ЕП во Молдавија 2025.

Избраниците на селекторот Зоран Лекиќ одиграа добар натпревар, ја оправдаа фаворитската улога и остварија сосема заслужена победа над Гибралтар.

Давид Тоневски го отвори резултатот на средбата. Марио Јанев зголеми на 2:0. Противникот успеа да ја намали предноста на 2:1, но Марио Јанев со својот втор погодок ја врати предноста од два гола и ги постави конечните 3:1.

Во последното коло од турнирот, Македонија ќе игра со домаќинот Естонија.



   
   
А репрезентација