Објавено на 02 Ноември, 2021 во Вести, Футсал до 21 год
Младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години денеска го одигра првиот натпревар од квалификацискиот турнир во Гибралтар за пласман во Елитната фаза квалификации за Европско првенство.
Нашите фудбалери предводени од селекторот Зоран Лекиќ беа поразени од фаворитот во групата, Црна Гора со 2:0.
Стрелци на погодоците за противникот беа Тафиќ во 24. минута и Љешковиќ во 35. минута.
Maкедонија во овој дуел имаше 24 обиди кон голот на противникот, 9 од нив завршија во рамките на голот, Црна Гора имаше двојно повеќе обиди.
Македонија – Црна Гора 0:2
Македонија: Иса Фера, Антонио Јанев (к), Христијан Митев, Никола Анчевски, Давид Блажевски;
Резервни фудбалери: Мартин Цветковски, Стефан Петрушевски, Суфијан Чајани, Бојан Неделковски, Христијан Грујевски, Давид Велјаноски, Душко Пауновиќ;
Селектор: Зоран Лекиќ;
Нашата млада селекција веќе утре ја
очекува нов дуел од квалификацискиот турнир. Во последниот натпревар, силите ќе
ги одмериме со домаќинот, селекцијата на Гибралтар. Мечот се игра во 19:00 часот.
Репрезентацијата на Црна Гора вчера забележа победа над Гибралтар со 6:3.
Во групата Б, во досегашниот тек од турнирот, Црна Гора убедливо се наоѓа на првата позиција со 6 освоени бода, Македонија и Гибралтар се сеуште без бодови.