Футсал репрезентација: Победа против Данска за одјава од квалификацискиот турнир

Објавено на 11 Април, 2017 во Вести


Македонската футсал репрезентација со победа се прости од квалификацискиот турнир во Баку за пласман на ЕП во Словенија. Во последниот меч забележавме победа против Данска од 4:3, но тримфот нема да ни донесе бараж за настап во Словенија како една од најдобропласираните репрезентации кој квалификацискиот турнир го завршија на третото место. 

Двата порази од Казахстан со 0:3 и од Чешка со 3:7 не елиминираа од борбата за пласман на ЕП 2018. 

На денешниот натпревар против Данска, Сефери постигна два гола за Македонија, а во листата на стрелци се запишаа и Мицовски и Петровиќ.

Македонија со три освоени бода е на третото место, зад Казахстан и Чешка. 




   
   
А репрезентација