Футсал репрезентација на Македонија: Победа во клучниот натпревар од квалификацискиот турнир во Бари

Објавено на 11 Декември, 2015 во Вести, Футсал


А футсал репрезентацијата на Македонија заблежа значајна победа против селекцијата на Словачка во рамките на квалификацискиот турнир во Бари за пласман на Светско првенство.

Избраниците на селекторот Васко Скендеровски во драматична завршница со пресврт успеаа да слават победа од 2:1 над Словачка. Головите за нашата најдобра репрезентација ги постигнаа Мицевски во 31 минута и Левески во 32 минута. Единствениот погодок за нашиот противник беше дело на Рафај во 22 минута.

Со оваа победа, нашата репрезентација значително ги зголеми шансите за пласман во бараж дуелите за Светското првенство. Во последниот круг од квалификацискиот турнир, Македонија силите ќе ги одмери со селекцијата на Молдавија. Дуелот против Молдавија е закажан за 13 ноември, недела со почеток од 15.30 часот.





   
   
А репрезентација